Утрински Весник
Македонија

Курц: Австрија ќе се залага за почеток на преговорите за Северна Македонија во ЕУ

Курц: Австрија ќе се залага за почеток на преговорите за Северна Македонија во ЕУ

Австрија целосно го поддржува европскиот пат на сите земји од Западен Балкан и ќе инсистира на започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија што поскоро, бидејќи вклучувањето на регионот во Заедницата е од стратешки интерес за Брисел. Ова го изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за магазинот Корд.

Курц изрази особено жалење што Северна Македонија сè уште не започнала преговори за пристапување во ЕУ.

„Австрија ќе инсистира на започнување на долго одложените преговори за членство на Северна Македонија и Албанија во првата половина на 2021 година“, рече канцеларот.

Курц исто така увери дека Австрија останува пријател на Западен Балкан дури и за време на кризата и дека поддршката на регионот во борбата против пандемијата Ковид-19 е нејзин најголем приоритет. Тој потсети дека Австрија неодамна вети 2,4 милиони евра за иницијативата Ковакс, додека ЕУ одлучи да обезбеди 70 милиони евра вакцини за Западен Балкан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Одбиваше протести за 600 евра минимална плата – Ралповски именуван во УО на ПИОМ

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража

Девет нови амбасадори – Муртезани нов амбасадор во НАТО, Мангова оди во Лондон, Салиеска Иљазоска во Хаг