Утрински Весник
Спорт

Куртоа: Азар му е потребен на Реал во борбата за титулата

Куртоа: Ако сакате да бидете голман на Реал, мора да ги прифатите тензиите

Мадрид, 8 јуни 2020 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, изјави дека неговиот тим не може да стане шампион оваа сезона без помош на плејмејкерот Еден Азар.

– Сè е нормално со Азар. Тој се здоби со неверојатен ритам, но треба да се движиме постепено. Не треба да се надеваме дека Еден ќе биде во својата најдобра форма без да одигра ниту еден натпревар. Според мое мислење, тој е во форма. Потребен ни е за да се бориме за титулата во Примера. Со нетрпение очекуваме продолжување на сезоната. Сакаме повторно да се бориме за шампионскиот трофеј. Без навивачите се ќе биде поинаку. Одлично е кога на стадионот има навивачи. Се создава атмосфера, дури и на гостувањата, вели Куртоа во изјава за „Мовистар“.

Азар стана играч на Реал Мадрид летото 2019 година. Поради повреда, Белгиецот запиша само 10 натпревари во шпанскиот шампионат оваа сезона.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Драган Канатларовски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Молдавија и Грузија

Тажна вест: Почина легендарниот Дикембе Мутомбо

Ограбен комплексот „Ролан Гарос“ во Париз