Утрински Весник
Економија

„Купете свеќи“- Швајцарија, една од најбогатите земји во Европа се подготвува за недостиг на струја

Граѓаните на Швајцарија треба да размислуваат да имаат свеќи во куќата во случај на неколкучасовен прекин на струја, вели шефот на енергетскиот регулатор Вернер Лугинбил за „Noe Züricher Zeitung“ .

dobivaj vesti na viber

Во Швајцарија уште од есента се подготвуваат за хаос во врска со струјата, па на граѓаните им велат дека во зима мора да очекуваат, во најлош случај, прекин на струјата, пренесува медиумот.

„Ве советувам да имате доволно свеќи во куќата. Кој има шпорет на дрва, треба да има доволно дрва“, изјавил Лугинбил.

Тој посочил дека политиката на предупредување на „Елком“ не се сфаќала сериозно во изминатите години.

Доколку има недостиг од струја, швајцарските власти подготвија мерки, како што се намалување на уличното осветлување, исклучување на осветлувањето на излозите, како и осветлени реклами.

Се размислува и за воведување на забрана за употреба на уреди за правење снег, како и за продажба на електрични греалки, според тамошните медиуми.

Можете да прочитате

СДСМ: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната