Утрински Весник
Спорт

Куман ја напушти болницата

Роналд Куман примен во болница поради проблеми со срцето

Амстердам, 7 април 2020 (МИА) – Минатата недела, холандската легенда Роналд Коман беше итно примен во болница поради проблеми со срцето. За среќа, селекторот на „лалињата“ се опорави и во моментов е дома.

Во знак на благодарност за целата поддршка што ја доби, Куман објави писмо на страницата на локалната федерација.

– Минатиот викенд беше шокантен. Секако за мене, но особено за моето семејство и пријатели. За среќа, лекарите ми помогнаа брзо и прекрасно, за што сум многу благодарен. Фантастично беше што ме поддржувавте преку пораките што ги добив. Дојдоа пораки и од луѓе од светскиот фудбал и од странци. Ова ми помогна многу и би сакал да им се заблагодарам на сите. Сега се чувствувам здрав како риба, напиша Куман.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство