Утрински Весник
Спорт

Куман побарал да му го донесат Вајналдум

Куман побарал да му го донесат Вајналдум

Роналд Куман вчера ја презеде Барселона. Холанѓанецот со клубот од „Ноу Камп“ договорил две годишна соработка.

Шпанските медиуми тврдат дека побарал од клупските челници да му го донесат сонародникот од Ливерпул Жоржињо Вајналдум. Куман ги знае квалитетите на овој фудбалер кого го тренираше две години во холандската репрезентација.

Вајналдум (29) сезонава влегува во последната година од договорот што го има со Ливерпул. Според „Трансфермарк“, пазарната вредност на Вајналдум е 40 милиони евра.

> Куман побарал да му го донесат Вајналдум <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Алонсо доби отказ во Реал Мадрид

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026