Утрински Весник
Спорт

Куман е новиот тренер на Барселона

Куман е новиот тренер на Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека нов тренер на првиот тим е Роналд Куман. За ангажманот на Куман клубот од „Ноу Камп“ на Фудбалскиот сојуз на Холандија и плати 5.000.000 евра. Куман и Барселона договориле соработка до 30 јуни 2022 година.

Роналд Куман на клупата на Барселона го наследи Кике Сетиен кој доби отказ по катастрофалниот пораз од Баерн Минхан (8:2), во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Куман е поранешен играч на Барселона, дресот на славниот клуб го носел во периодот од 1989 до 1995 година. За Барселона одиграл 192 натпревари, на кои постигнал 67 голови. Со неговиот гол во 120 минута во 1992 година Барселона ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите.

Холанѓанецот во Барселона веќе има искуство како тренер, во периодот од 1998 до 200 година му бил помошник на Луј ван Гал.

Куман во кариерата бил тренер во Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајндховен, Валенсија, Саутемптон и Евертон.

Изминатите две години ја предводеше репрезентацијата на Холандија.

> Куман е новиот тренер на Барселона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Скандал во Вашингтон – Шаповалов дисквалификуван поради пцовки

Швjонтек освои бронзен медал на Олимпијадата во Париз

Претседателот на МОК Даниел Димевски се сретна со Макрон