Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Куман го отпишал Луис Суарез

Куман го отпишал Луис Суарез
300x250 opst2

Луис Суарез ќе биде првата жртва на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман. Холандскиот стратег, веднаш по именувањето, изјави ќе направи темелна реконструкција на првиот тим.

„Марка“ пишува дека Куман телефонски разговарал со Суарез и му соопштил дека нема да смета на него во новата сезона.

Уругавецот има договор со Барселона до 30 јуни наредната година.

Прашање е како на овој потег на Куман ќе реагира Лионел Меси бидејќи Суарез му е најдобар пријател во тимот.

Луис Суарез во Барселона пристигна во 2014 година, за „блауграна“ одиграл 283 натпревари и постигнал 198 гола.

> Куман го отпишал Луис Суарез <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг