Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кумановци пренесувале канцелариски материјал од Приштина, заедно со него имало и 2 килограми марихуана

Кумановци пренесувале канцелариски материјал од Приштина, заедно со него имало и 2 килограми марихуана
Img 7972

Велешкото основно јавно обвинителство донесе наредба за спорведување истрага против две лица од Куманово на возраст од 59 и 52 години поради сомнение дека сториле кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Откако првоосомничениот му помогнал на второосомничениот да отвори транспортна фирма и да започне со работа како превозник, по идеја на првоосомничениот се договориле да преземат канцелариски материјал од фирма во Приштина.
Второсомничениот заминал со товарното возило во Приштина, каде го оставил возилото за да се натовари потребниот материјал, а тој се сретнал со првоосомничениот.

По кратко време првоосомничениот отишол да види до каде е утоварот, па откако бил завршен, второсомничениот со товарното возило се вратил во Македонија, додека првоосомничениот се вратил со такси-возило.

По завршувањето на шпедициските формалности, првоосомничениот го известил второосомничениот дека со натоварената стока треба да замине во Грција, по што второосомничениот така постапил.

Меѓутоа, на на 9 ноември, движејќи се по патот Велес-Скопје, второосомничениот изгубил контрола над товарното возило и излетал од патот при што се здобил со телесни повреди.

При преглед на товарното возило, полициски службеници пронашле две пакувања марихуана во вкупна количина од 2.008 грама која второосомничениот неовластено заради продажба ја пренесувал, а во што со умисла му помогнал првоосомничениот.

Со оглед на видот и тежината на стореното кривично дело и можноста истото да биде повторено, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Велес доставил предлог за определување на притвор за двајцата осомничени. ​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места