Утрински Весник
Македонија

Кумановските земјоделци заинтересирани за користење на ИПАРД средствата

Кумановските земјоделци заинтересирани за користење на ИПАРД средствата

Куманово, 10 март 2020 (МИА) – Голем е интересот на земјоделците од кумановскиот регион за добивање финансиска поддршка преку ИПАРД 2 програмата со која можат да ги модернизираат фармите, велат од Подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Во тек е повикот „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ за кој заинтересираните можат да ги добијат потребните информации во Канцеларијата на Агенцијата, а крајниот рок за аплицирање е 14 април.

-Со повикот се опфатени сточарското и растителното производство, преработката и маркетингот на земјоделски производи, набавка на овошни садници, садници на грозје, приклучна механизација. Само тракторите не се предмет на инвестиција. Ставката е потрошена, очекуваме од наредната година ако се спроведе и Ипард 3 Програмата. Ги повикувам сите да се обратат и да побараат помош  околу собирањето документација, подготовка на барања, деловен план, совети, информации во врска со овој оглас и што и да се однесува за земјоделството. Тоа го правиме бесплатно за земјоделците, изјави раководителот на Подрачната канцеларија, Џабир Рамадани.

Апликантите треба да имаат комплетна документација и да пополнат и поднесат соодветно барање.

-Може да аплицираат и индивидуални земјоделци и земјоделски стопанства, регистирани правни и физички лица. Финансирањето почнува со 60 проценти конфинансирање од државата и ако земјоделецот е помлад од 40 години добива плус пет отсто. Ако стопанството е во планинските предели поддршката е 70 проценти. Новина е дека има 10 проценти плус за инвестиција во врска со манипулација со арско ѓубре, што има врска со зачувување на животната средина и исполнување на стандардите. Очекуваме да има доста апликации, рече Рамадани.

Од Агенцијата се надеваат дека искористувањето на ИПАРД 2 средствата ќе придонесе за квалитет и безбедност на храната, заштитата за животната средина, заштитата при работа, но и ќе се подобрат условите за живот во руралните средини и ќе го поттикнат развојот на  руралната економија. ам/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реактивиран пожарот кај пехчевско Негрево

Со хеликоптер се евакуираат пет лица од светиниколско Стројменци

Се огласи МВР откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади