Утрински Весник
Македонија

Кумановскиот театар со уште една онлајн претстава „Ревизор“

Кумановскиот театар со уште една онлајн претстава „Ревизор“

Куманово, 17 март 2020 (МИА) – Кумановскиот театар продолжува со прикажување на онлајн претстави. Од денеска гледачите можат да ја проследат претставата „Ревизор“ на Гогољ, во режија на Андреј Цветановски. Претставата, особено се препорачува за средношколците, велат од кумановскит театар.

– Денеска мислиме на средношколците кои што не одат на училиште. Во 2016 година имавме продукција на едно големо класично дело, голем драмски текст, а воедно и лектира. Погледнете ја „Ревизор“ на Гогољ во режија на Андреј Цветановски, велат од кумановскиот театар, споделувајќи го линкот https://youtu.be/cZTvlwAUCyc

„Ревизор“, додаваат од театарот била продукција со млади актери, тогашни нововработени и гости, што било препознаено на фестивалот ,,Војдан Чернодрински“, па кумановскиот актер, Марко Трајковиќ, тогаш, доби награда за најдобар млад актер .

-Уживајте. Останетe дома! Гледајте претстави!,  повикаа од кумановскиот театар.

„Ревизор“ е во режија на Андреј Цветановски, а играат Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Милош Стојковиќ, Никола Наковски, Мартин Манев, Горан Ников. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, композитор е Димитар Андоновски , а костимограф е Александар Рашковиќ

Кумановскиот театар вчера ја прикачи детската престава „Волшебникот од Оз“.ам/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Драстично опаѓање на бројот на ученици во Македонија во последната деценија

Пожарот над Катланово се шири: Во прекин е електричната енергија

Ова се десетте најплатени холивудски актери во 2023 година