Утрински Весник
Македонија

Кумановската библиотека идната година ќе издава е-книги

Кумановската библиотека идната година ќе издава е-книги

Куманово, 13 март 2020 (МИА) – Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ идната година засилено ќе почне со воведување на е-книги, најави на денешната седница на советот директорката на оваа установа, Христина Алексовска, одговарајќи на прашања од советниците од опозицијата.
Таа рече дека е од 2018 се спроведува дигитализацијата на поранешниот „наш Весник“ , а воведувањето на е-книгите се одвива поспоро во овој период, но дека во иднина ќе преземат засилени мерки.
Лани, библиотеката набавила нова информатичка и видео опрема за околу 140.000 денарим и ги зголемила бројот на вработени.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ праша дали имало потреба од зголемување на бројот на вработени од 11 на 18 лица. Алексовска одговори дека се вработени информатичар, сметководител, правник,помошници на библиотекари, но не и шалтерски работници и нагласи дека на детскиот оддел има недостиг на шалтерски работник.
Речиси 30.000 денари кумановската библиотека одвоила за печатење на книга, а зголемување на трошоци има и во ставката семинари, обуки кои за нововработените се задолжителни , информираше директорката на установата одговарајќи на советнички прашања при разгледување на извештајот и програмата за работа на јавната општинска установа. ам/ац/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битолчанец вработен во училиште во притвор по меѓународна акција за детска порнографија

Граѓаните од ранливите категории ќе можат полесно да аплицираат за инвертер клима уреди

Нов удар по џебот: Основните намирници повторно поскапуваат