Утрински Весник
Македонија

Куманово ќе субвенционира прехранбени и хигиенски продукти за ранливи семејства, дел од заклучоци на состанокот на Општински кризен штаб

Куманово ќе субвенционира прехранбени и хигиенски продукти за ранливи семејства, дел од заклучоци на состанокот на Општински кризен штаб

Куманово, 17 март 2020 (МИА)Општина Куманово ќе ги субвенционира социјално ранливите категории граѓани за набака на прехранбени продукти и средства за хигиена, а на јавните места ќе постави средства за дезинфекција, ова се дел од заклучоците во однос на преземање активности за превенција од ширење на коронавирусот што ги донесе Општинскиот кризен штаб во Куманово на третиот состанок кој се одржа, денеска .

-Општина Куманово преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ќе изврши субвенционирање на социјално загрозени семејства на територија на општината, (пакети со прехранбени производи, основни средства за лична хигиена…). Општина Куманово ќе побара од Владата две возила, кои ќе се користат за дезинфекција и перење на улици, а доколку не бидат обезбедени, оваа набавка ќе ја спроведе општината. Општината ќе побара од ЈП „Пазаришта“ Куманово затворање на пазарот за стари работи, а ги информира граѓаните дека сточниот пазар е веќе затворен, се другиот дел од заклучоците на состанокот.

Средства за дезинфекција ќе бидат поставени на двата плоштади, на кејот, кај базенот, кај верските објекти. Јавните претпријатија ќе бидат задолжени оваа мерка сами да ја спроведат, односно да постават средства за дезинфекција на влезовите на претпријатијата. Тимовите кои вршат асистенција на болни и изнемоштени лица ќе бидат достапни во период од 08.00 до 14.00 часот.

– Се задолжуваат јавните претпријатија да обезбедат набавка на технички инструменти- безконтактни топломери и секојдневна контрола на вработените при отпочнување на работните задачи, како и на странките.  При извршена контрола доколку се утврди дека некој од вработените или странка има покачена температура,  да се испрати кај матичен лекар за преземање на понатамошни дејствија. Исто така, да се контролираат вработените дали ги почитуваат мерките за седење дома на оние лица за кои е пропишана таа мерка.  Потребно е да се направи дезинфекција на општинските згради, се вели во соопштението на Општинскиот кризен штаб.

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ и ТППЕ Куманово да продолжат со дезинфекција на јавни површини. Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово да продолжи со постапката за информирање на управителите на станбените објекти за дезинфекција на влезовите, заедничките простории, лифтовите на сите станбени згради. Претставникот од кумановскиот Центар за јавно здравје ги информирал присутните дека е завршена е дезинфекција на училиштата.

На состанокот присуствуваче претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, претставници од институции, организации и јавни претпријатија. ам/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер