Утрински Весник
Македонија

Куманово ги почитува препораките на надлежните за превенција од коронавирус

Куманово ги почитува препораките на надлежните за превенција од коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 14 март  2020 (МИА) – Кумановци ги почтуиваат препораките, заклучоците на Владата и не се движат во поголеми групи. Синоќа градот беше празен, ја немаше вообиачената раздвиженост. На терен се забележуваа и инспектори од Државниот пазарен инспекторат.
Угостителските објекти не работеа по утврденото време согласно препораките на Владата. Камион на „Чистота и Зеленило“ ги миеше улиците.
Претходните денови заседаваше и општинскиот кризен штаб кој што покрај препоораките за целосно почитување на насоките и заклучоците на Владата и останатите надлежни институции препорача и редуциран линиски превоз, како и деизнфекција на училишта, градинки. Дел од јавните претпријатија извршија и деизнфекција меѓу нив и Јавното претпријатие „Пазаришта“.ам/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство