Седумдесет и четиригодишен маж починал откако паднал од дрвена скала додека работел на објект на улицата Мирче Ацев во Куманово. Според информациите од МВР, тој се качил на скалата потпрена на бетонска бандера, но скалата се излизгала, а тој паднал пред влезот од гаражата и починал на самото место.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
Текстот Кумановец паднал од скала и починал додека работел на објект е превземен од МАКФАКС.