Дејан Кулушевски во финишот на мечот го постигна својот втор гол во дресот на Јувентус, за да помогне „бјанконерите“ да извлечат 1:1 реми против Верона во уште еден неимпресивен меч на Андреа Пирло.
Алваро Мората во 45. минута ја затресе мрежата на гостите, меѓутоа неговиот гол беше поништен поради офсајд, пред во второто полувреме, неверојатна епизодна улога да има поранешниот јуниор на Јуве, Андреа Фавили.
Фавили влезе во игра во 55. минута на местото на Никола Калиниќ, за само пет минути подоцна фантастично да ја заврши убавата акција и да го совлада Војчех Шчесни. Веќе во 62. минута, Фавили мораше да излезе од игра поради повреда!
Јувентус продолжи со притисокот, и откако Пауло Дибала ја стресе пречката, во 78-тата уште една замена, Дејан Кулушевски да постигне убав гол за реми.
По пет кола, Јувентус се на петтото место со 9 поени (2 победи и 3 ремија), три зад лидерот Милан, додека Верона имаат осум поени.
Dejan Kulusevski. One of our own. pic.twitter.com/R7ZXtiikP0
— Max Statman (@eMaxStatman) October 25, 2020
> Кулушевски со голчиште ги спаси Јуве од засрамувачки пораз <