Утрински Весник
Спорт

Кулушевски во јануари се сели во Арсенал

Кулушевски во јануари се сели во Арсенал

Арсенал, се откажале трансферот на Душан Влаховиќ, но намерата им е во зимскиот преоден рок да донесат засилување од Серија А.

Арсенал, експресно ги прекинаа преговорите со Фиорентина, околу трнсферот на Влаховиќ, бидејќи менаџерите на српскиот репрезентативец не одговориле на нивните повици.

Клубот од северен Лондон сега има нова мета, Дејан Кулушевски од Јувентус. Швеѓанецот, со македонско потекло, во јануари 2020 година, потпиша договор со Јувентус. Аталанта и покрај тоа што тој играше како позајмен во Парма, од трансферот заработи 35 милиони евра. Кулушевски, не успеа да се наметне во Јувентус, од доаѓањето во Торино, тој е само бледа сенка на фудбалерот кој блескаше во Парма.

Од почетокот на оваа сезона, настапил на 15 натпревари, постигнал еден гол и забележал една асистенција.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус нема да се противат на трансферот, доколку Арсенал платат 25 милиони евра.

> Кулушевски во јануари се сели во Арсенал <

Можете да прочитате

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ