Утрински Весник
Свет

Кулеба: Русите сакаат крв, а не преговори

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска побара повеќе оружје и дополнителни санкции по најавата на Москва за проширување на офанзивата во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Русите сакаат крв, а не преговори. Ги повикувам сите партнери да ги зајакнат санкциите против Русија и да ја забрзаат испораката на оружје за Украина“, напиша Кулеба на Твитер.

Тој реагираше на најавата на неговиот руски колега Сергеј Лавров дека Москва нема да се концентрира исклучиво на истокот на Украина и дека преговорите меѓу двете земји немаат смисла во сегашната ситуација, пренесуваат медиумите во регионот.

„Исповедите на рускиот министер за надворешни работи за неговиот сон да заземе дополнителна украинска територија докажува дека Русија ја отфрла дипломатијата и се концентрира на војна и терор“, рече украинскиот министер.

Можете да прочитате

Белгија ги враќа воените патроли на улиците поради растечки безбедносни закани

Почина поранешниот француски премиер Лионел Жоспен

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја