Економските мерки и политики кои ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат резултат, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа истакна платите континуирано растат и во услови на пандемија.
„Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари. За 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година. Покрај борбата со пандемијата ветивме економија – правда. Тоа испорачавме.Повеќе пари во џебот на работниците е дел од концептот на СДСМ, парите кај граѓаните“, рече Кузеска.
Дополнително, како што истакна, по цела година, за прв пат во месец март оваа година, е забележена сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6 проценти.
Раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата.
Во првиот квартал од 2021 година, раст од 15,8 отсто има и надворешната трговска размена, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто.
„Покрај сите можни блокади од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, реализираните мерки дадоа резултат.
Соасивме повеќе од 100.000 работни места. Поддржавме над 400 000 граѓани и 35 000 компании. Во домаќинствата и во компаниите директно се вбризгани над 65 милијарди денари. Македонска економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст“, додаде Кузеска.