Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Политиките на СДСМ обезбедија раст на БДП од 3,6 отсто и рекордно ниска невработеност од 16,6 отсто

Кузеска: Политиките на СДСМ обезбедија раст на БДП од 3,6 отсто и рекордно ниска невработеност од 16,6 отсто

Скопје, 9 март 2020

Политиките на СДСМ даваат резултати и го одржуваат трендот на стабилен раст на економијата во Република Северна Македонија.

Владата предводена од СДСМ го презеде управувањето со државата во 2017 година во состојба на рецесија.

СДСМ вети дека 2019 година ќе биде година на економијата и тоа го оствари. Бројките и податоците од Државниот завод за статистика го потврдуваат тоа.

Забележан е растечки тренд на бруто-домашниот производ којшто во последниот квартал на 2019 година во однос на истиот квартал во 2018 година е повисок за 3,4 проценти, а вкупниот раст за 2019 година изнесува 3,6 проценти што ја надминува проектираната стапка од 3,5 проценти.

Реализацијата не ја надмина само коригираната проекција на Владата предводена од СДСМ од 3,2 % на средината од годината, туку и проекциите на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка.

Уште еден податок којшто докажува раст на БДП е и фактот дека Република Северна Македонија е на осмо место по раст на табелата од 38 земји од Европската Унија и регионот, и тоа пред Бугарија, Кипар, Хрватска, Чешка, Словенија и други земји членки на унијата.

Економските фундаменти во државата се здраво поставени за да продуцираат раст во сите сектори, така што се забележува раст во градежништвото за 5,9%, во трговијата, во транспортот и угостителството за 4,7%, во земјоделството за 3,8% и во индустријата за 3,1%.

Придобивка од растот на економијата оди во прилог на граѓаните со просечниот раст на вработеноста, односно со отворање на нови работни места.

Стапката на вработеност е највисока досега, додека стапката на невработеност е најниска.

Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 16,6%, додека вработеноста е на највисоко ниво досега од 47,9%. Споредено меѓу четвртиот квартал во 2019 во однос на четвртиот квартал од 2016 година има 76.255 повеќе вработени. Само во текот на минатата година, бројот на вработените граѓани е поголем за 38.600 лица.

Државата има стабилен и ликвиден буџет, а добриот тренд на реализација продолжува и годинава, со раст во првите два месеца од 8,3 проценти кај даноците и придонесите.

СДСМ останува посветена да гради конкурентна и развојна економија, како и да вложува во човечкиот капитал.

Богданка Кузевска, портпарол на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ