Утрински Весник
Политички Партии

Кузеска: Мицкоски промовира мерки копирани од СДСМ

Кузеска: Мицкоски промовира мерки копирани од СДСМ

Скопје, 4 март 2020

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

И во културата исто како и во другите сектори, понудата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се лаги, лажни вести и украдени, ископирани проекти од СДСМ.

Нема ништо полицемерно и понесериозно од тоа Мицкоски да ветува повисоки плати во образованието, кога токму пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предводени од Влатко Ѓорчев го блокираа носењето на измените на Законот за исплата на плати.

Со намерно незакажување на седницата на Комисијата што ја предводеше Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ им го ускрати правото на професорите во високото образование да добијат за 10 отсто повисоки плати како наставниците во средното и основното образование.

Во однос на понудата во културата, таму лицемерието на Мицкоски е уште поголемо.

За работата на ВМРО-ДПМНЕ во културата најдобро знаат културните работници, но и граѓаните на Скопје.

Можеби Мицкоски, извршителот на архитектот на Скопје 2014та заборавил, но граѓаните не ја забораваат културната катастрофа и пустош што го остави неговиот шеф и криминална партија во културата.

Граѓаните и денес го гледаат распадот на новите објекти кои послужија како параван за кражба на стотици милиони евра народни пари.

Граѓаните не ја забораваат целосната партизација, во која културните работници беа претворени јавни даватели на услуги и во учесници на контрапротести на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршителот на архитектот од Будимпешта, ги заборави и украдените пари од филмскиот фонд, заборави на амбициите на неговиот шеф да снима филмови и документарци со режирана историја, кои исто изедоа милиони пари на граѓаните.

Наместо тоа, Мицкоски почна да се фали со програма која веќе ја реализира и ја предвидува СДСМ преку институциите што ги предводи.

Делегираниот буџет на културните установи, за кој зборува денеска Мицковски, е детално разработен во новиот Закон за остварување на јавниот интерес за културата.

Законот е усвоен од Владата, по двегодишно усогласување на јавни дебати и сите релевантни институции. И наместо Мицковски и ВМРО ДПМНЕ да го поддржат Законот и придонесат позитивните решенија побрзо да станат реалност, тие го отфрлија без аргументи, а крадејќи ги неговите специфични решенија.

Новиот закон не само што пропишува институциите сами да одлучуваат за своите годишни програми, туку овозможува и врвните манифестации, програми, фестивали и активности на здруженија, да стекнат статус од особен интерес и да преминат на повеќегодишно, програмско финансирање.

Вложувајќи во стиропор и фасади ВМРО-ДПМНЕ ги остави да се распаѓаат Прилепскиот театар, зградата на Центарот за култура во Охрид, во Струмица, Кумановскиот и Штипскиот центар за култура ги остави без греење.

Нека не ги лаже ДПМНЕ граѓаните дека сега истите тие институции ќе ги обновува. Тоа се веќе тековни политики во програмата на инвестиции на министерството за култура и владата.

Почитувани,

Јасна и видлива е разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и расипничките, криминални и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ во културата и образованието.

Додека тие инвестираа во криминални споменици и барок фасади кои се распаѓаат СДСМ инвестира во луѓето.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ и ќе порачаат режим и лажен барок никогаш повеќе!

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт