Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Влада со 7 министри помалку која во полн мандат ќе им служи на граѓаните

Кузеска: Влада со 7 министри помалку која во полн мандат ќе им служи на граѓаните

Создадовме Влада која ќе им служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби, ефикасна Влада која ќе има 7 министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри кои посветено ќе работат на реалзиација на зацртаните програми во своите ресори.

„Мандатот од 4 години е период во кои ќе гледаме како државата во сите сегменти се трансформира на подобро. Следува посветена работа на јакнење на економскиот стандард, зголемување на платите и пензиите, отворање на нови работни места и привлекување на нови странски инвестиции. Уште повеќе и уште подобро ќе инвестираме во јавното здравство за уште поефикасна борба против коронавирусот. Следува прочистување на судството, но и проверка на потеклото на имотот и парите на функционерите. Во новиот мандат, продолжуваме со имплементација на Договорот од Преспа со Грција, договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија како договори кои обезбедија членство во НАТО и водат до интеграција кон ЕУ, но и реализација на Охридскиот Рамковен Договор“, рече Кузеска.

Како што додаде, СДСМ се води исклучиво од интересите на граѓаните и државата, а тоа го покажале и во претходниот скратен мандат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме