Утрински Весник
Економија

Крушево со повик за категоризација на сместувачките капацитети

Крушево со повик за категоризација на сместувачките капацитети

Крушево, 2 јуни 2020 (МИА) – Крушево ги повикува сопствениците на сместувачки капацитети да се категоризираат и да се прекатегоризираат доколку категоризацијата е истечена за да може да користат ваучери кои ќе ги доделува Владата преку Министерството за економија.

Како што објаснува крушевскиот градоначалник Томе Христоски, сите сопственици на сместувачки капацитети може да бидат корисници на ваучери и оваа владина мерка е за помош на угостителскиот сектор и за справување со последиците од кризата со коронавирусот. Туризмот е најпогодена гранка и најголемата надеж е во привлекувањето на домашните туристи.

Инаку, мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи, а не надминуваат 15 000 денари месечно, може да добијат ваучер од 6 000 денари кој ќе може да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3 000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата.

Од крушевската локална самоуправа информирата дека барањата за категоризација и прекатегоризација на сместувачките капацитети  ќе може сите да ги пронајдат на општинската интернет-страница.ем/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија