Утрински Весник
Македонија

Крушево му оддаде почит на претседателот на Крушевската Република

Крушево му оддаде почит на претседателот на Крушевската Република

Крушево, 27 април 2020 (МИА) – По повод 115-годишнината од смртта на првиот претседател на првата Република на Балканот, Никола Карев, денеска беа положени свежи цвеќиња пред неговиот споменик и му беше оддадена почит на истакнатиот македонски револуционер.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски и директорката на основното училиште „Никола Карев“ Оливера Чавкароска, положија свежи цвеќиња пред споменикот на Карев во Крушево и му оддадоа почит на големиот македонски херој.

Според Христоски вонредната состојба не мое да спречи да се оддаде почит на истакнатиот македонски револуционер.

– Оваа година, вонредната состојба и кризата со коронавируост не нѐ спречија да оддадеме почит на нашиот херој и на првиот претседател на Крушевската Република. Одбележуваме 115 години и, овој ден заедно со животното дел на Карев, нека бидат водилка во нашата работа за граѓаните на Крушев за поубав живот во државава, рече Христоски.

Секоја година, Крушево и основното училиште „Никола Карев“ организираат приредба за одбележување на патрониот празник на основното училиште, но поради вонредната состојба и за почитување на мерките и на препораките за физичко дистанцирање, годинава таквата приредба не се одржа.ем/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Тешка сообраќајка вечерва на патот Гостивар – Скопје, кај ресторанот „Империјал“

Според ДУИ, Коридорот 8 е резултат на нивната работа

Филипче: Приоритет на СДСМ е да номинира личности кои уживаат висок углед во своите заедници, имаат реална поддршка и поседуваат капацитет да ја остварат програмата