Утрински Весник
Македонија

Крстосницата кај Собранието затворена за сообраќај во наредните три дена

Крстосницата кај Собранието затворена за сообраќај во наредните три дена

Градот Скопје известува дека почнувајќи од утре (10. октомври) во 6 часот, па се до понеделник (12.октомври) во попладневните часови, целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата кај македонското Собрание, односно крстосницата меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев, поради изведување градежни работи.

За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11. Октомври и десното вртење од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски.

Автобускиот превоз ќе се движи по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски.

Градските власти апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски