Утрински Весник
Спорт

Крофт: Ја загубив целата почит кон Ник Кирјос

Крофт: Ја загубив целата почит кон Ник Кирјос

Поранешната најдобра британска тенисерка, Анабел Крофт го нападна Ник Кирјос за неговите „неверојатно непристојни и безмилосни“ коментари кон своите ривали кои според неа ги прави само да добие внимание.

Кирјос последните месеци влезе во остар напад на Новак Ѓоковиќ и неговата „Адрија турнеја“ на која се заразија со корона вирус повеќе тенисери, вклучувајќи го Ѓоковиќ, Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки, како и Горан Иванишевиќ. Подоцна, вчера кога се повлекуваше од САД опен на Флешинг Медоуз не пропуши да ги критикува „тие кои танцуваат на маси“.

Крофт вели дека таа не е голем фан на Кирјос, како и многу тениски љубители.

„Тој се поставува на позиција на морална супериорност и постојано е многу гласен, и според мене неверојатно непристоен и безмилосен кон своите соиграчи во последно време. Ги напаѓа Ѓоковиќ, Доминик Тим, неодамна го нарече Борна Чориќ човек со мозок како киритка и најдосадниот тенисер во историјата. Тоа го прави само за да добие внимание и самиот се промовираше во злосторник. Морам да кажам дека со ова однесување, не го почитувам најмногу. Не можам да го почитувам како човек и тешко е да се слушаат неговите изјави“, вели Крофт.

> Крофт: Ја загубив целата почит кон Ник Кирјос <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига