Утрински Весник
Спорт

Крос посочи во која топ лига нема шанси да игра и зошто

Крос: Зидан се врати кога сè беше изгубено
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 15 мај 2020 (МИА) – Sвездата на Реал Мадрид, Тони Крос го истакна првенството во кое тешко дека некогаш ќе игра и тоа е Премиер лигата. Германскиот интернационалец беше многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед во летото 2014 година, но на крајот избра да замине во „кралскиот“ клуб заради нестабилноста на „црвените ѓаволи“ по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.

– Јас имам договор уште три години со Реал Мадрид и дефинитивно размислувам да го исполнам. Тогаш ќе наполнам 33 години и ќе биде добро време да видам на какво физичкото ниво сум, како сум мотивиран и дали сè уште сакам да продолжам. Ако сè уште сум на доволно добро ниво и ми се нуди да останам уште една година, би можел да се согласам. Но, трансфер во Англија, во првенство кое е бара многу на физички план, не можам да замислам како ќе го направам тоа на 33 години, рече Крос.

Искусниот играч од средниот ред сепак призна дека не може да ја исклучи можноста.

– Три години во фудбалот е долго време, а во Реал Мадрид – уште подолго, се пошегува тој.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место