Утрински Весник
Свет

Крокодили избегаа од фармa во Јужнoафриканска Република, издадено предупредување

Крокодили избегаа од фармa во Јужнoафриканска Република, издадено предупредување

Непознат број крокодили се на слобода откако избегаа од фарма во Јужнoафриканска Република, соопштија владините агенции за зачувување на биолошката разновидност.

„Младите крокодили, долги од 1,2 до 1,5 метар, избегаа низ жичената ограда недалеку од градот Бонивале во провинцијата Западен Кејп во средата“, изјави Петро ван Рајн, портпаролка на владината агенција за зачувување на биодиверзитетот „Кејп нејчр“, пренесува агенцијата ДПА.

„Кејп нејчр“ ги предупреди жителите да се држат настрана од реката Бри додека не бидат фатени сите крокодили.

„Тие се очигледно многу, многу опасни. Тоа се диви животни иако биле чувани во заробеништво. На луѓето не им е дозволено да им приоѓаат и тие треба да се држат настрана од реката додека сите не бидат фатени “, рече Ван Рајн.

„Кејп Нејчр, заедно со сопственикот на фармата, околните сопственици на земјиште и полицијата, започнаа масовна потрага по крокодилите“, додаде таа.

Досега се пронајдени 27 крокодили, а непознат број сè уште се на слобода.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници