Утрински Весник
Свет

Криумчарите на луѓе рекламираат на „Фејсбук“ лажни „крстарења“ во Европа

Криумчарите на луѓе рекламираат на „Фејсбук“  лажни „крстарења“ во Европа

Криумчарите на луѓе во Турција наводно ги рекламираат своите услуги под маската на лажни „крстарења“ на „Фејсбук“, нудејќи им на мигрантите да ги превезат во Италија за 5.500 евра, пренесува „Ил џорнале“.

Патувањата на „Фејсбук“ се рекламираат како три до четиридневно патување на јахта од Турција до сицилискиот брег на страницата „ The Road to Europe“ при што возрасните плаќаат целосна цена, половина цена за деца на возраст од 4 до 10 години, а за деца до три години патувањето е бесплатно.

Според „Ил џорнале“, криумчарите исто така нудат премин од Србија во Австрија, рекламиран како „кампување за 4.000 евра“. Друго патување по море им се нуди на мигрантите од грчкиот остров Родос за значително поевтини 2.100 евра.

Весникот исто така тврди дека криумчарите нудат фалсификувани пасоши и визи за мигрантите од која било земја што сакаат да ја посетат, а цената е  9.000 евра за европски визи и 11.000 евра за Велика Британија. Тие нудат и лажни возачки дозволи  и лични карти за цена од 500 до 800 евра.

Во претходните години криумчарите на луѓе нудеа слични „ол инклузив“ пакети за мигрантите со доволно пари за да си ги дозволат.

Во 2019 година иследниците го опишаа трендот како криумчарење во „прва класа“, што чини дури 10.000 евра по лице. Во 2017 година, еден Камерунец кој живее во Мароко тврдеше дека криумчарите нудат слични пакети за Шпанија.

„Размислете за тоа, со неколку стотици бегалци можете да заработите повеќе од милион евра за еден ден“, рече човекот.

Криумчарите на луѓе и во минатото го користеа „Фејсбук“ како начин за рекламирање на своите услуги, честопати претставени како „туристички агенции“.

Активноста на криумчарите на „Фејсбук“ и услугата за криптирани пораки Whatsapp е забележана и критикувана од Меѓународната организација на ОН за миграција, во 2018 година го  повика гигантот на социјалните медиуми да направо повеќе за борба против овој проблем.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија