Утрински Весник
Свет

Критики од Норвешка за ЕУ: Направивте сериозни грешки за време на пандемијата

Критики од Норвешка за ЕУ: Направивте сериозни грешки за време на пандемијата

Службеникот на норвешкото министерство за здравство Бјорн Инге Ларсен го обвини Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) дека направил сериозни грешки за време на пандемијата.

Според него, одлуката на бирократите во Брисел да ги задржат границите отворени за време на пандемијата со Ковид-19 била погрешна и тој дал неколку докази за тоа.

Ларсен потсети на ситуацијата од почетокот на 2020 година, кога штотуку започна пандемијата и кога бројни земји од ЕУ одлучија да ги затворат своите граници или да воведат многу ограничувачки мерки за влез во земјите на Унијата.

Сепак, тогаш ЕЦДЦ се огласи и рече дека таквата одлука може само да ја влоши состојбата со пандемијата и практично да ја саботира одлуката.

„Може да се кажат многу убави работи за Европскиот центар за контрола на болести, но тие направија сериозни грешки за време на оваа пандемија. Тие постојано ни сугерираа дека не треба да имаме ограничувања за влез во европските земји и прилично сме сигурни дека ограничувањата за влез се една од најважните алатки што ги користевме“, рече Ларсен, објави националниот радиодифузер НРК.

Ова доведе до тоа земјите од ЕУ да мора да се откажат од затворање или ригорозни контроли на нивните граници, што, според Ларсен, беше погрешно.

„Според мое мислење, тоа беше сосема погрешно во оваа пандемија. Трите земји кои навистина се фокусираа на границите, имено Исланд, Финска и Норвешка, се единствените европски земји кои успеаја да ја спречат инфекцијата“, рече Ларсен.

Тој потсети дека Норвешка некое време ја потенцираше позицијата дека границите треба да останат затворени, и тоа беше случај. Сепак, земјата мораше да попушти на притисокот од Брисел и границите беа отворени летото 2020 година. Според него, епилогот е огромен пораст на новозаразени на почетокот на есента.

„Кога Центарот се соочи со критики, нивниот одговор беше: Жал ни е. Тогаш немаше доволно докази за поддршка на затворање на границите. Но, сега сме повнимателни и препорачуваме земјите да ги тестираат патниците кои влегуваат и да има некаков вид карантин за нив“, додаде тој.

Бјорн Инге Ларсен претходно беше норвешки директор за здравство и беше член на одборот на Светската здравствена организација.

Можете да прочитате

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија