Утрински Весник
Спорт

Критики за Роналдо: Јуве победија без него

Критики за Роналдо: Јуве победија без него
Dik 300x250 mk

Јувентус синоќа ја прекина серијата без пораз во која беа играчите на Милан. Со победата 3.1, Јувентус се вратија во шампионската трка, со натпревар помалку од лидерот се оддалечени седум бода.

На „Сан Сиро“, Федерико Киеза и Паоло Дибала го однесоа тимот до победата. Додека овие двајца добиваа пофалби за она што го прикажаа, во Италија ја критикуваат играта на Кристијано Роналдо, кој го одигра целиот натпревар.

„Ова можеби беше најлошиот натпревар што го одигра за Јувентус. Јувентус победи без Роналдо“, рекол легендарниот тренер Фабио Капело.

„Кога се игра во силно темпо Роналдо се мачи. Исто беше и против Аталанта“, изјавил легендарниот играч на Интер, Џузепе Бергоми.

Кристијано Роналдо со 14 гола ја предводи листата на најдобри стрелци во Серија А.

> Критики за Роналдо: Јуве победија без него <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс