Утрински Весник
Магазин

Крис Прат и Брајс Далас Хауард „ украле“ бакнежи во текот на снимањето на новиот филм

Dik 300x250 mk

Главните протагонисти во „Светот Јура: Доминион“, Крис Прат и Брајс Далас Хауард, беа понесени во романсата на ликовите од филмот.

Крис и Брајс додадоа малку зачин во динамиката на ликовите со бакнеж без сценарио во претстојниот Jurassic World: Dominion, кој ќе излезе на 8 јуни.

Во интервју за „Ентертејнмент тунајт“, Брајс Далас Хауард откри дека таа и Крис „украле“ неколку дополнителни бакнежи додека го снимале новиот филм.

„Во сценариото на ‘Доминион“ имаше само еден бакнеж. Последните два ги украдовме подмолно…затоа што е во ред да има малку романса во филм за Јура!“

„Едноставно сме многу компатибилни“, се пошегува таа за хемијата со Крис.

Двајцата ги репризираат улогите на Клер Диринг и Овен Грејди во претстојното продолжение, во кое се враќаат оригиналните ѕвезди од „Паркот Јура“, Сем Нил, Лора Дерн и Џеф Голдблум речиси 30 години по оригиналниот филм.

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци