Утрински Весник
Магазин

Крис Еванс му го праќа штитот на Капетан Америка на шестгодишник кој ја спаси сестрата од напад на куче

Крис Еванс му го праќа штитот на Капетан Америка на шестгодишник кој ја спаси сестрата од напад на куче

Крис Еванс ќе му даде специјален подарок на едно многу храбро момче, објави „Варајати“, додавајќи дека суперхеројот на филмот на „Марвел“ ќе му го испрати неуништивиот штит.

Sвездата на „Капетан Америка“ испрати видеопорака до Бриџер Вокер (6), кој ја спаси својата четиригодишна сестра од напад на куче. Вокер беше тешко повреден и по двочасовната операција малиот херој има 90 конци на лицето.

„Тука е Капетан Америка, ја прочитав твојата приказна, видов што направи и сигурен сум дека си слушнал многу пофалби во последните неколку дена, но дозволи ми да бидам следниот што ќе ти кажам: другарче, ти си херој, тоа што го направи беше толку храбро, толку несебично, сестра ти е среќна што те има како голем брат. Твоите родители треба да бидат горди на тебе“, вели Еванс во видеопораката објавена на инстаграм-страницата што ја отвори тетката на малиот Вокер.

„Ќе ја пронајдам вашата адреса и ќе ви испратам автентичен штит на Капетан Америка, бидејќи ти го заслужуваш тоа“, напиша Еванс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Никој не може да им одолее: Ова се најсекси хороскопските знаци

Замастен црн дроб: Фактори на опасност и совети

Мбапе не може да вози автомобил обезбеден од Реал Мадрид