Утрински Весник
Магазин

Криси Тајген ја разлути корисник на Твитер што го коментира есејот на Меган Маркл

Криси Тајген ја разлути корисник на Твитер што го коментира есејот на Меган Маркл

Криси Тајген се најде во одбрана на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, која доби неочекувани критики откако откри дека имала спонтан абортус.

39-годишната Американка Меган, член на британското кралско семејство, проговори за неодамнешниот спонтан абортус во есеј за „Њујорк Тајмс“ објавен во вторникот.

А Криси Тајген, 34-годишна манекенка која претрпе загуба на бременоста минатиот месец, застана во одбрана на војвотката од Сасекс, откако еден корисник на Твитер напиша дека Меган есејот го објавила со себична намера.

„Наградата за апсолутна глупост денес му припаѓа на Марко Џанaнџели. Му честитам на овој piece of s**t , напиша Тајген како одговор на твитот на Џианџели, и подоцна го избриша. Набргу откако го избриша својот твит, Криси се врати на платформата, и напиша: „Извинете, заборавив дека се обидувам да бидам пољубезна“.

Оригиналниот твит на Џананџели, во кој ги објаснува критиките за есејот на Маркл во „Њујорк Тајмс“, сè уште е присутен на Твитер.

„Дали некој навистина се сомнева во болката и страдањето од претрпен спонтан абортус или можеби ја критикуваат одлуката на Меган да напише текст од 1.000 зборови за себе?“

Во нејзиниот есеј објавен во Њујорк Тајмс, со наслов „Загубите што ги споделуваме“, Маркл детално го опиша трагичното јулско утро кога сфатила дека го губи своето второ дете.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал 

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета