Манекенката Криси Тајген, сопруга на музичарот Џон Леџенд, ги заработи своите акредитиви како интернет детектив.
Јас шпионот: Криси Тајген, јавно ѝ се обрати на презентерка на „Фокс њус“ откако здогледа своја фотографија со откриени гради на нејзиниот телефон.
Презентерката на „Фокс њуз“ Жанин Пиро во неделата сподели фотографија на која носи маска додека е во ресторан на отворено. Но, Криси забележала дека на телефонот ставен на маса има нејзина слика како ги покрива разголените гради со рацете.
Криси ја прозвала презентерката Жанин Пиро веднаш штом забележала позната фотографија.
„Жанин, што бараат моите гради на твојот телефон?“ Криси напиша на Твитер.
Во мај, Тејген ги извести своите следачи на социјалните мрежи дека ќе оди на операција за отстранување на имплантите на дојките.