Утрински Весник
Свет

Кримските артефакти да ѝ бидат вратени на Украина, одлучи холандскиот Апелационен суд

Кримските артефакти да ѝ бидат вратени на Украина, одлучи холандскиот Апелационен суд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Холандскиот Апелационен суд денеска донесе одлука за случајот со кримските уметнички дела од голема вредност и пресуди истите да ѝ бидат вратени на Украина.

Станува збор за дела кои биле изложени во Холандија кога Русија го анектираше полуостровот Крим во 2014 година.

Меѓу артефактите се и скитски свечен шлем направен од чисто злато од 4 век п.н.е. и златен украс за врат од 2 век од нашата ера, при што секој артефакт тежи повеќе од еден килограм.

Станува збор за уметнички предмети кои биле изложени во музејот Алард Пирсон во Амстердам во 2014 година, во времето кога Русија го присвои Крим.

Четири музеи од Крим побараа колекцијата да се врати, но Украина тврдеше дека е нејзина државна сопственост.

Судот во 2016 година донесе одлука водејќи се од правилото на УНЕСКО дека уметничките дела треба да се вратат на суверени држави, а бидејќи Крим не е суверена држава, Украина треба да одлучи каде ќе се вратат делата, по што Русија поднесе жалба на таа пресуда.

Апелациониот суд делумно ја промени одлуката на понискиот суд во 2019 година, наоѓајќи дека тој погрешно пресудил дека само владите можат да прогласуваат предмети за културно наследство.

Универзитетот во Амстердам, сопственик на музејот Алард Пирсон, најави дека музејот ќе продолжи да ги чува предметите додека не се решат процедурите за сите жалби.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми