Куманово, 24 април 2020 (МИА) – Кризниот штаб на Куманово ќе го зголеми бројот на придружни членови од Советот на општината, апелираше до невалдините и политичките партии да се координираат со штабот при делење на помош, општината да подготви промотивен материјал со препораки за граѓаните.
Ова се дел од заклучоците од денешната 37 седница на општинскиот штаб за заштита и спасување. Претседателот на Советот и координаторите на советничките групи ќе се координираат со штабот во однос на ангажирање на дополнителни членови кои редовно ќе ги следат состојбите и активностите за справување со епидемијата.
-ОШЗС уште еднаш укажува на невладините организации, здруженија и политички субјекти и поединци да се почитуваат препораките и одлуките на ОШЗС, во однос на делење на хуманитарна помош, тоа исклучиво да биде во соработка со ОШЗС, за да се избегне непотребно групирање на граѓани, неконтролирано делење и евентуални прекршувања на препораките и мерките на Владата- се вели во соопштението на штабот.
Од штабот упатија барање до општината да подготви материјали, флаери, плакати, билборди преку кои граѓаните ќе се едуцираат за мерките за заштита од ширење на коронавирусот. ам/ац/