Утрински Весник
Македонија

Кризниот штаб ја прифати препораката за укинување на маските во основните училишта

Кризниот штаб ја прифати препораката за укинување на маските во основните училишта
Dik 300x250 mk

Главниот координативен кризен штаб за справување со Кoвид-19 (ГККШ) на денешната седница одлучи да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести и на Владата да ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска.

За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски.

„ГККШ донесе заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар.

На оваа своја седница ГККШ одлучи да ѝ предложи на Владата да ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50% да се зголеми на 75%, со задолжително носење заштитни маски и почитување на останатите протоколи за заштита од ковид“, се наведува во соопштението.

На денешната седница е прифатен и заклучокот на Комисијата за заразни болести Владата да го укине делот од протоколот за угостителските објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност од Ковид-19.

Можете да прочитате

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!

Хорор во Скопје: Девојче на 16 години сексуално злоупотребено од очувот, мајката знаела но не спречила