Утрински Весник
Македонија

Кризниот штаб со нови мерки за граѓаните на Македонска Каменица

Кризниот штаб со нови мерки за граѓаните на Македонска Каменица

Македонска Каменица, 14 април 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб во Македонска Каменица со нови мерки за граѓаните. Откако на последниот состанок беше разгледан степенот на почитување и спроведување на воведената забрана за движење на граѓаните во услови на КОВИД-19, согласно известувањето од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општинскиот кризен штаб ги задолжи земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски и полски активности, својата потреба од дневна земјоделска активност однапред да ја најават на телефонскиот број за таа намена.
-Во таа насока неевидентираните чуватели на добиток, домашни миленици и пчелни семејства кои имаат потреба од дозвола за движење за време на воведената забрана, треба да се најават во ОКШ Македонска Каменица, каде точно ќе ги наведат потребата и местото за вршење на активностите. Истите ќе добијат дозвола за движење во периодот од 08:00 до 10:00 и од 17:00 до 19:00 часот.
Истиот начин на пријавување до ОКШ Македонска Каменица се однесува и за граѓаните кои имаат потреба од движење во време на забрана за движење по основ помагање и грижа за друго лице и слично, истакнаа од Кризниот штаб.
Во меѓувреме Македонска Каменица ги уважи веќе поднесените барања од економските оператори (аптеки, маркети, ресторани, такси и сл.) од општина Македонска Каменица кои се регистрирани за вршење на телефонска и он-лајн достава за снабдување на граѓаните со најосновните продукти.
-Во соработка со Министерството за внатрешни работи дополнително ќе биде утврден начинот и организацијата на нивното движење и функционирање. Сите јавни установи, банки, супермаркети, трговски и други дуќани, аптеки, продавници и пиљари, согласно засилените мерки на заштита од Коронавирусот на Владата, во текот на работното време да обезбедат заштитни средства за сите вработени и преку засилени редарски служби да обезбедат влегување на граѓаните во деловните простории со прописно растојание и заштитни средства, согласно упатствата на СЗО, дополнија од Кризниот штаб во М.Каменица.
Во периодот за време на викенд забраната заради зголемено движење на граѓаните согласно препораките ќе се зајакне присуството на Редарските служби, а исто така ќе се вршат и вонредни и засилени контроли на Пазарниот инспекторат и МВР во сите јавни објекти, маркети и аптеки со цел строго регулирање на фрекфенцијата на клиенти. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите

Ангелов: На пожарот во с. Брезница дејствува чешки хеликоптер „Блек хок“, од огнот не е зафатено ловиштето Јасен

Девојки од Србија, Украина и Албанија без документи затекнати во ноќен клуб во Желино