Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кризниот штаб при општина Тетово три дена работи на достава на бесплатна заштитна опрема

Кризниот штаб при општина Тетово три дена работи на достава на бесплатна заштитна опрема
300x250 opst2

Тетово, 4 мај 2020 (МИА) – Кризниот штаб на општина Тетово соопшти дека во текот на изминатите три дена се врши достава на заштитната опрема до граѓаните, со најава дека ќе продолжи и наредните денови. Според градоначалничката Теута Арифи ќе бидат дистрибуирани 15 илјади пакувања со заштитни маски, нараквици и летоци со информации, како превентивна мерка за заштита од ширење на Ковид-19 на територијата на општина Тетово.

-Според планот, дистрибуција е почната во централните и приградските населби, а во наредните денови ќе бидат опфатени селата на општина Тетово. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на вработените во општинската администрација, како што е јавното претпријатие Градски паркинг за нивната активна вклученост и нивната работа во пакувањето и дистрибуирањето на овие пакети до домовите на граѓаните, истакна Арифи.

Во тетовскиот регион, според Кризниот штаб, се регистрирани 89 заболени од Ковид-19 и тоа во општина Тетово 39 (двајца починати), Боговиње 29 (двајца починати), Теарце 6, Брвеница 6 (еден починaт) Јегуновце 4 и Желино 5 (еден починат).

-На 04.05.2020 година во Тетово и општините денес се регистрирани четири нови случаи со Ковид-19. Досега се излечиле 42 лица, а шест починале, информира Арифи.

На подрачјето на тетовско се извршени 358 тестови по епидемиолошка индикација (од кои 80 контролни брисеви) од страна на Центарот за јавно здравје Тетово, додека преку Мој Термин вкупно 132. ас/рп/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ активно ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и ВЛЕН во општините во кои нема свои кандидати

Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

Андријана Ташкова-Ѓоргиева згрижува три деца покрај своите три и ја бара довербата од битолчани за влез во Советот преку ГРИН