Куманово, 21 мај 2020 (МИА) – Кризниот штаб на Куманово ќе побара помош од Владата за поддршка на јавните превозници или преку субвенции или преку обезбедување нафтени деривати од стоковите резерви, за да се покријат трошоците на јавните превозници, да не работат со губитоци и да можат да го извршуваат јавниот превоз, се вели во денешното соопштение од 43-тата седница на Kризниот штаб на Куманово.
Општина Куманово се обидува да го воспостави јавниот градски превоз, вршителите се соочуваат со сериозни технички проблеми кои и како и останатите правни субјекти се погодени од кризата, се наведува во соопштението.
-Бараме од Влада да излезе во пресрет на барањата на јавните превозници во Општина Куманово и да донесе одлука за субвенционирање на јавниот превоз во градот со 30 денари по изминат километар и da обезбеди средства од буџетот, се посочува во соопштението.
Од Кризниот штаб велат дека доколку нема можност за субвенционирање, бидејќи општината не може од сопствениот буџет да ги подржи јавните превозници, тогаш предлагаат Владата да обезбеди соодветна количина на нафтени деривати од стоковите резерви, кои би се користеле за потребите на вршителите на јавниот превоз во Општина Куманово, во период на Ковид кризата и би ги покриле дел од матријалните трошоци на компаниите за да не работат со губитоци и да можат непречено да го испочитуваат договорот со општината за вршење на јавниот превоз.
Штабот бара од СВР Куманово да преземе поригорозни мерки и да изврши зачестени контроли кон „дивите“ превозници на подрачјето на Куманово. ам/вј/