Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривично-правна одговорност за непочитување на полицискиот час

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство
300x250 opst2

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во врска со одлуката на Владата на подрачјето на целата држава да се воведе забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

– Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување. За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари, појаснуваат во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. цр/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цигарите поскапеа за 10 денари по кутија

Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Малолетник од Скопје се обидел да го убие својот татко