Утрински Весник
Македонија

Кривични против тројца гостиварци, снимале како тепаат полицаец

полиција значка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 35-годишниот Д.Н. од Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и против неговите сограѓани М.И. (35) кој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено снимање“ и против С.Т. (37) поради сомнение за кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

Како што информираат од МВР, на 9 април годинава во Гостивар, првопријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал работни задачи, второпријавениот снимал со својот телефон, а третопријавениот со агресивно однесување ги спречувал останатите полициски службеници при извршување на нивните службени задачи.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче