Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Кривични пријави за свадба со 300 гости во Струмичко и 80 во хотел во Тетово

Кривични пријави за свадба со 300 гости во Струмичко и 80 во хотел во Тетово
300x250 opst2

Свадба со 300 гости била организирана на последниот февруарски ден оваа година, во Банско, Струмичко.

Полицијата соопшти дека поднесени се кривични пријави против три лица поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„На 28.02.2021, пријавените во селото Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби“, велат од МВР.

Во текот на денот поднесена е уште една кривична пријава против хотел и менаџер во Тетово, поради свадба.

Веселбата се случувала минатиот месец, а присуствувале 80 гости. Од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, а менаџерот на хотелот – приведен.

Можете да прочитате

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите

Филипче: Власта го руши нашиот дом цигла по цигла, да ги запреме во недела со глас за СДСМ

Мицкоски: СДСМ и Филипче беа подизведувачи на криминалот на ДУИ и Ахмети