Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за петмина дебрани за непочитување на полициски час

Кривични пријави за петмина дебрани за непочитување на полициски час

Дебар, 8 мај 2020 (МИА) – Петмина дебрани заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, Одделението за внатрешни работи од Дебар поднело кривични пријави против С.П.(24) Р.П.(28) К.В.(20) Е.М.(40) и С.П.(35) сите од Дебар.

-Споменатите лица, во периодот од 29-ти минатиот до 3-ти овој месец, биле затекнати на улиците „Бетон“ и „Џавид Уштеленца“ во Дебар и при извршена контрола, полициските службеници констатирале дека немаат соодветна дозвола за движење за време на полицискиот час издадена од надлежен орган и не ја почитувале одлуката за забрана на движење на населението со цел заштита од Ковид-19, изјави Димоски.

Тој информираше дека безбедносната состојба во ова подрачје е стабилна.

-Во текот на изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, на подрачјето на ОВР Дебар не се регистрирани непочитувања на истите. Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, додаде Димоски.

Во Дебар, според него, нема лица во изолација освен само едно лице во самоизолација. вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Партијата што го уништи владеењето на правото, денес држи предавања за ЕУ

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката од Дебар

Обвинителството се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска