Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за организирање на свадба во Тетовско на која мерките не ги почитувале 110 лица

Советот на Европски полициски синдикати бара брза реакција од властите за нападите врз македонски полицајци

Полицајци од Тетово на 4 март упаднале во локал каде се организирала свадба со 110 гости.

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против угостителскиот објект и 35-годишен тетовец со иницијали К.К.(35) поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 4 месецов, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект каде биле затекнати 110 лица кои се забавувале на семејна веселба-свадба.

Од инспектори од Државниот пазарен инспекторат локалот бил затворен, а пријавениот бил уапсен и спроведен во просториите на СВР Тетово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино

Царина и АХВ заедно против измами со увоз на храна – фер пазар за сите

Кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија – шест службени лица осомничени за злоупотреба