Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за двајца провалници од охридското село Требеништа

Саем за безбедност за превенција на кражби во тек на летото
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Охрид, 7 март 2020 (МИА) – Двајца жители на охридското село Требеништа заработија кривични пријави за извршени неколку кражби на повеќе локации во охридско.

Според полицијата, лицата Б. Ј. (43), Ј. П. М. (20), двајцата од селото Требеништа, во периодот од октомври минатата до јануари оваа година извршиле вкупно шест кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, во подрачјето на Охрид и селата Требеништа и Мешеишта, во Општина Дебрца.

Тие користејќи подесен алат и физичка сила насилно влегувале во куќи и други помошни простории и притоа противправно одзеле компјутер, агрегати, алати и други предмети. На тој начин се стекнале со противправна имотна корист од околу 87 илјади денари. аб/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи