Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за двајца малолетници кои украле пари и накит од пензионерка во Струмица

Поднесено обвинение за кражба во автобус

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – СВР Струмица поднесе кривичнa пријавa против двајца малолетници за кои постојат основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Како што соопшти МВР, се работи за 13-годишно момче од Струмица и за 15-годишно момче од селото Банско.

Тие на 21 април годинава со употреба на сила одзеле пари, мобилен телефон, рачен часовник и златни обетки од М.Л., пензионерка сместена во Домот за пензионери на улицата „Ленинова“ во Струмица. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски