Утрински Весник
Македонија

Кривична против лихвар од Радовиш кој за две недели барал камата од 100 отсто

Кривична против лихвар од Радовиш кој за две недели барал камата од 100 отсто

Радовишката полиција поднесе кривична пријава против Б.К. (36) од овој град поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.

Како што информираат од МВР, во февруари 2021 година, пријавениот на М.Б. од Радовиш, му дал на заем 2.500 денари, при што договорил несразмерно висока камата од 100%, односно за две недели должникот требало да му врати 5.000 денари.

Откако парите не му биле вратени, пријавениот му се заканил на М.Б. и го принудил да му врати 11.000 денари.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари