Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје

Синдикатот на полицијата обвинува за притисоци на вработени да гласаат за одредена партија
Img 7972

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделението за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18.05.2020 сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“.

По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично-правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања.

Против пријавените полициски службеници поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Подгответе се за змиско сметање на времето – ќе се стемнува пред 17 часот

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

Филипче: Премиерот да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми