Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против двајца кумановци за фалсификување пари

Кривична пријава против двајца кумановци за фалсификување пари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р.(43) и Н.С.(32) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари. Тие на 22.01.2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра. На 23.1.2021, во периодот од 5:00 до 6:00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 79.950 денари и за истиот износ го оштетиле казиното, а парите ги трошеле на игри на среќа во казиното.

Откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во СВР Куманово. Од страна на полициски службеници од казиното се одземени 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Р., кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени 11 банкноти во апоени од по 50 евра, кои се одземени, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација